Нов удар за Меркел: Нејзината партија со голем пад во Хесен

Партиите на демохристијанската-социјалдемократска влада на Ангела Меркел претрпеа драстичен губиток на гласовите на покраинските избори во сојузната покраина Хесен..

Според првичните официјални пресметки, Христијанско0демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел освоила 27,9 отсто од гласовите што е за десет отсто помалку од изборите пред 5 години.

Социјал-демократската партија на Германија (СПД) освоила 19,9 отсто што е исто така десет отсто помалку гласови во споредба со последните покраински избори.

По изборите во Баварија пред две седмици каде партиите на владејачката коалиција во Берлин претрпеа слични драматични губитоци, се очекува по изборите во Хесен да дојде до промени во партиите на владејачката коалиција, а аналитичарите не исклучуваат  излегување на СПД од владата, распад на коалицијата и нови избори.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top