Нов Закон за спречување на корупцијата, ќе може да се проверуваат и банкарските сметки на функционерите

Со 81 глас за и ниту еден против, власта и опозицијата го изгласаа Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Владеачкото мнозиство во Собранието прифати 20 од вкупно 40 амандмани на ВМРО ДПМНЕ..

Антикорупционерите ќе имаат увид во бакнарските сметки на функционерите, ќе се врши ревизија на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи, но ќе можат да поднесуваат и постапки пред надлежните органи преку нивните ревизорски извештаи.

Со новиот закон физички лица нема да имаат можност да пријавуваат криминално и коруптивно работење, тоа ќе можат да го сторат само политички партии, државни институции и граѓански здруженија. Со амандманите беше скратен и мандатот на антикорупционерите, укинато им е правото на реизбор и на функција ќе можат да останат само пет години.

На ред е пратениците да изберат нови седум членови на антикорупциската комисија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top