Нова опција на „Facebook“ во Австралија

Новата алатка ќе биде достапна само ако е киднапирано некое дете..

„Facebook“ ќе лансира нова опција во Австралија, но од социјалната мрежа се надеваат дека никогаш нема да биде искористена. Тоа е затоа што новата алатка ќе биде достапна само ако е киднапирано некое дете. 

Ова значи дека социјалната мрежа ќе им дозволи на полициските сили да го користат „news feed“ за таканаречени „amber alerts“. Од социјалната мрежа велат дека барем две деца биле повторно вратени на своите семејства благодарение на информациите кои се споделувале преку „Facebook“. 

На „news feed“ ќе се појавуваат детали, фотографија од исчезнатото дете и линк кој е води до веб страницата на полицијата. Со споделувањето на информацијата се верува дека ќе се продлабочи истрагата и ќе се соберат повеќе податоци кои ќе бидат од корист за истрагата. 

Ваквиот начин се покажал како ефективен во неколку наврати. На пример, минатата година во Флорида било киднапирано 4 годишно девојче, а на социјалните мрежи бил активиран таканаречениот „amber alert“ во вкупно 5 држави. Објавата ја забележала една жена додека била на пауза за ручек и го здогледала девојчето. Повикала полиција и девојчето било спасено. 

Австралија е 13 земја која ја добива оваа опција на социјалната мрежа, по САД, Канада и Велика Британија, како и Луксембург, Малта и Јамајка.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top