Нова провокација на Ердоган, ќе изведе голема воена вежба во Сирија

Операцијата треба да започне денес или утре..

Турскиот претседател Таип Ердоган денес изјави дека Турција ќе спроведе воздушна и копнена воена операција источно од реката Еуфрат во Сирија, во својата најдиректна најава за упад во Сирија, откако Анкара и Вашингтон се согласија да воспостават „сигурносна зона".

Сојузниците во НАТО се договорија за воспоставување сигурносна зона на сириската граница, која треба да се протега до 30 километри во Сирија, и да ја расчисти областа од сириската курдска милиција (ЈПГ), која Турција ја смета за терористичка организација.

Турција ги обвини САД, кои ги поддржуваат силите предводени од ЈПГ, кои ги поразија борците на Исламската држава во Сирија, за премногу бавно воспоставување на договорената зона.

Турција сака „областа источно од Еуфрат да ја полева со извори на мир“ и таму да ги смести бегалците, рече Ердоган.

„Направивме подготовки, оперативните планови се завршени и издадени се потребните инструкции“, додаде Ердоган.

Турција сака во зоната да смести 2 милиони сириски бегалци и во неколку наврати предупредуваше дека ќе спроведе еднострана воена акција доколку не е задоволна со напредокот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top