Новата цел на Мо: Салах на два гола од рекордот на Торес

Натпреварот против Кристал Палас претстојниот викенд може да биде историски за најдобриот стрелец во Премиер лигата во моментов..

Ако постигне два гола, Мохамед Салах ќе се израмни со Фернандо Торес како најбрз играч во историјата на Ливерпул кој стигнал до бројката од 50 гола во англиското првенство. Египѓанецот во моментов има 48 на 71 натпревар, а поранешниот шпански репрезентативец до 50. гол стигна на 72. настап.

Со тоа Салах ќе застане на четвртото место во оваа статистичка категорија во Премиер лигата. Рекордот го држи Енди Кол кој играјќи за Њукасл и Манчестер Јунајтед, до 50 гола стигна на само 65 натпревари. Зад него е Ширер со 66 и Руд Ван Нистелрој со 68.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top