Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Вкупниот број на заболени во Кина достигна 75.465, а починале 2.236 лица..

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во провинцијата Хубеи, соопштиле од Националната здравствена комисија, додавајќи дека вчера се забележани 1.614 нови сомнителни случаи.

Вчера од болница се пуштени 2.109 лица кои оздравеле од вирусот.

Дневниот број на ново излечени и отпуштени пациенти трет ден по ред го надминува бројот на новопотврдени случаи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top