Нови Австралиски визи за родители

Обединување на семејството..

За имигрантите во Австралија, сосема нормално е да им фалат мајка им и татко им да им се поблиску, особено кога оформиле свое семејство и сакаат да ги прослават важните моменти со родителите. 

Но процесот за да се донесат родителите во Австралија не е секогаш лесен.

Одредување на вистинската стратегија за Вашите потреби, атрибутите на вашите родители и правилата на Австралиската Влада може да биде многу збунувачки.

Дозволете да Ве водиме!

Вашата семејна состојба бара единствена стратегија

      ✓Зошто сакате Вашите родители да се овде?

      ✓Колку брзо сакате да пристигнат?

      ✓Колку долго сакате да останат?

      ✓Каква ќе биде нивната ситуација откако ќе пристигнат овде?

Вашите одговори ќе на утврдат најдобрата насока, имајќи на ум дека секоја насока има свои предности и мани.

Виза опции

Спонзорирана привремена виза за родители

Дава иницијален престој од 3 до 5 години. Родителите не мора да поминат “balance of family test” што значи дека само треба да имаат едно дете кое што живее во Австралија

Важни Информации:

  • Родителите мора за почеток да бидат спонзорирани од нивното Австралиско дете.
  • Нема потреба од обезбедување на финансиски средства за поддршка како доказ.

Виза за родители

Родители на Австралиски постојани граѓани/жители кои го поминуваат „Balance of Family test“ може да имаат право да аплицираат за виза за постојан престој.

Важни информации:

  • Време на процесирање: 10 години
  • Родителите мора да бидат спонзорирани од нивното Австралиско дете.
  • Мора да има обезбедување на финансиски средства за поддршка како доказ.

Contributory Parent Visa

Забрзајте ја апликацијата на Вашите родители за престој прекудавање на финансиски придонес.

Важни информации:

  • Време на процесирање: 4 години
  • Родителите мора да бидат спонзорирани од нивното Австралиско дете.
  • Мора да има обезбедување на финансиски средства за поддршка како доказ.

Како ние работиме

Aussie Migration Services оди чекор подалеку од повеќето агенции за миграција.

Тоа е затоа што ние не сме само агенти... ние сме Супер Херои во миграцијата.

Барем така ни кажуваат!

Од почетната сесија за откривање до славењето за добивање виза, ќе Ве водиме Вас и Вашите родители преку виза процесот од почеток до крај. Ќе ја најдеме најдобрата стратегија за одобрување на визата и да го отстраниме стресот од административни проблеми, посветувајќи посебно внимание да се аплицира со виза спремна за одобрување.

Вашата фамилија е вредна за вас. Дозволете ни да Ве соединиме со нив.

Најчесто поставувани прашања

Да се разберат различните патеки за аплицирање и да се одлучи на таа која најмногу Ви одговара Вам е првиот чекор.

Од каде да почнам?

Сега, треба да ја закажете Вашатапрофесионална консултација

Што порано побарате совет за најдобар начин на аплицирање за Вас и Вашата фамилија и кои докази Ви се попотребни за спонзорирање - тоа подобра одлука ќе донесете. Добивање правилен совет на клучниот прв чекор.

Дали навистина ми треба агент?

Секако! Дали би оделе на суд без адвокат?

Законот за миграција е многу сложен и е предмет на постојани промени од Владата. Агентот за миграција ќе Ве советува, ќе ја подготви апликацијата и ќе комуницира со Одделот за Внатрешни Работи на Австралија во Ваше име.

Веруваме дека правилата покажуваат кои патеки се возможни. Знаејќи ги сите промени во правилата значи дека ќе го имате правилниот совет.

Зошто Aussie Migration Services?

Овде во Aussie Migration Services одиме надолж и попреку за да се осигуриме дека Вашата виза ќе биде одобрена.

Со преку 5 години искуство во индустријата, изградивме „7-Step Proven Pathway“да ги води нашите клиенти до успех.

1.  Ние ќе направиме и ќе Ви доставиме персонализиран Миграциски План на акција (MAP: Migration Action Plan)за да ги оствариме посакуваните резултати на Вашиот бизнис. Ќе Ви помогнеме да разберете што е можно и да Ве упатиме кон следните чекори.


2. Ќе ви обезбедиме Start-up Kitда Ви помогне во собирање на сите податоци и документи што ни се потребни за подготовка на апликација готова за одобрување.


3.  Тогаш ќе работиме заедно со Вас да ги потполниме празнините и да се осигуриме дека сите клучни елементи за доказ се подготвени.


4.  Нашите специјалисти за поднесување внимателно ќе ги припремаат документите за поднесување до Одделот за Внатрешни Работи. Нашето внимание кон деталите за Вас значи побрзо решавање.


5.  Ние не завршуваме со соработка овде. Ве претставуваме и застапуваме во тек на целиот процес, работејќи со Одделот за Внатрешни Работи и други тела во Ваше име.


6. Време е за славење. Ќе Ве информираме за одлуката за Вашата виза, тоа е нашиот омилен дел од работата.


7.  Ќе се погрижиме се да е во најдобар ред и 100% по правилата, Ќе се погрижиме да не сте исклучени. Ова значи дека секогаш ќе знаете до каде сте, што треба да направите следно и зошто.

Ние ќе бидеме со Вас во секој чекор од процесот.

Јавете се на +61449602007 или пратете емајл на [email protected]да закажете консултација со нас и да ги разгледаме сите ваши опции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top