Нови рочишта: Обвинетите во „Титаник“ и „Тврдина 2“ денес на обвинителна клупа

Осомничените за злосторничко здружување , повреда на избирачкото право, поткуп при избори или сите кои се гонат во случајот „Титаник“ денеска седнуваат на обвинителна клупа..

Пред нив СЈО ќе презентира докзи а во овој предмет осомничени се Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска и бегалецот Никола Груевски.

Рочиште е најавено денеска и за предметот „Тврдина 2“ во кој на екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување .


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top