Нови случаи на корона вирусот во Кина

Досега во градот Вухан идентификувани се 62 пациенти инфицирани со корона вирусот, од што веќе двајца починаа, а осуммина се во критична состојба..

Седумнаесет нови случаи на воспаление на белите дробови предизвикано од новиот  коронавирус регистрирани се во централниот дел на Кина.

Досега во градот Вухан идентификувани се 62 пациенти инфицирани со корона вирусот, од што веќе двајца починаа, а осуммина се во критична состојба.

Азиските држави и три аеродроми во САД воведоа посебен преглед на патниците кои пристигнуваат од централна Кина со цел да спречи ширење на вирусот.

Во Тајланд и Јапонија веќе се пријавени три случаи на пневмонија, кај лица кои пристигнале од Вухан. Инфицираните го посетиле локалниот пазар за риби, а нивните симптоми биле треска и кашлање.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top