Новинар на Форбс: Ако Америка почне воен конфликт во Евроазија, ќе изгуби

Соединетите Американски Држави ризикуваат да изгубат во можен воен конфликт во Евроазија поради состојбата на транспортната флота, смета новинарот на Форбс Лорен Томсон..

Томсон го поткрепува своето мислење со фактите дека Америка во случај на воен конфликт би војувала далеку од своите брегови, поради што би морала на фронтот да префрла трупи, техника и вооружување, што е прилично голема логистичка задача.

Како што истакнува, не е можно да се префрла војска и опрема со авиони поради тежината на товарот. Во тој случај, Америка 90 отсто од сите средства би морала да ги носи по море.

Истакнува дека сите транспортни бродови на САД се сериозно застарени, а за извршување на задачата се подготвени едвај 40 отсто од сите бродови.

Командата на американската воена морнарица се обидува да ја поправи ситуацијата со разместување на бродови за превоз на патници и товар со тркала, веќе опремени, веднаш покрај „потенцијалните области на воени дејства“.

Иако во случај на војна воената морнарица на САД би имала дозвола да користи и цивилни бродови, н на тој начин Америка нема да го реши проблемот со снабдувањето на војската, смета Томсон.

Според него, „најспремните копнени сили во светот“ можат доцна да стапат во конфликт или да ја изгубат способноста за ефикасна борба поради недостигот од поморски транспорт.

Американскиот новинар е уверен дека непријателите на Америка одлично ја знаат таа нејзина слабост.

„Уште полошо е тоа што Русија почна активно да одржува воени вежби на подморничката флота во Атлантскиот Океан, што укажува на тоа дека во случај на конфликт на Истокот и Западот до целта не би стигнале сите транспортни бродови“, истакнува тој.

Поради сето тоа, Америка ризикува пораз во можна војна во Евроазија, заклучува Томсон.

Тој истовремено апелира до Конгресот што побрзо да почне со модернизација на постојните транспортни бродови и купување нови. Во спротивно, Америка нема да биде спремна за „вонредни ситуации до кои неизбежно ќе дојде во најблиска иднина“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top