Новиот директор на Државниот завод за ревизија, СДСМ и ДУИ без консензус

Немањето консензус меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ за новиот директор на Државниот завод за ревизија ги одложи сите седници на Комисијата за избори и именувања..

Минатата седница пријавениот кандидат не беше избран поради нецелосна документација. На претходниот директор мандатот му истече пред речиси една година, а и мандатот на заменик-директорот е при крај. Пратеникот Илија Димовски седниците ги закажа за петок до кога им даде рок на координаторите на парламентарните групи да ги усогласат ставовите за кадровските решенија.

За пратениците од мнозинството свикувањето на шест седници на Комисијата за избори и именувања за еден ден било неочекувано, особено во време кога имаат меѓусебни несогласувања во однос на предлозите за поделба на ешалоните. Од друга страна и независната група на пратеници бараат соодветна застапеност во собраниските тела.

До петок СДСМ и ДУИ треба да се договорат за директорот на Државнара ревизија, за Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, за новиот член на Советот на јавни обвинители, избор на здруженија за соработка со Народниот правобранител, за директорот и заменик-директорот на Управата за заштита на личните податоци и за измените во Комисијата за избори и именувања.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top