Новите iPhone XS и iPhone XS Max одбиваат да се полнат

Некои од првите сопственици на iPhone XS и iPhone XS Max веќе се пожалија на проблеми со приемот на сигналот, но сега сè повеќе корисници на овие два телефони се жалат на проблеми со полнењето..

На форумот на Apple е отворена тема во која корисниците на iPhone XS и iPhone XS се жалат дека нивните уреди одбиваат да се полнат. Откриено е дека ова е софтверски проблем пореди кој уредите одбиваат да се полнат додека се во таканаречениот Sleep мод. Како што ќе видите во видеото, некои од телефоните дури и се „замрзнуваат” откако ќе регистрираат дека полначот е приклучен.

Како решение, посочена е инсталацијата на iOS 12.1 beta, кој го поправа софтверскиот пропуст или да ја почекаат новата финална верзија на iOS, a до тогаш во менито да го направат следното подесување: Settings >FaceID and Passcode > Allow access when locked и да вклучат USB Accessories.

Едно од решенијата е и користење на безжични полначи.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top