НОВО – Промена на работната виза за Австралија

Пишува: Зак Ристов агент за емиграција.

Од 18ти Март 2018 година, владата на Австралија ги направи следните промени, со почеток на 19ти Април 2018 година. Имено, 457 визата е укината и не се примаат повеќе апликации за истата. Нова класа на виза е 482 или TSS виза (Temporary Short Skills) и почнува од 18ти Март 2018 година.

  За сите Македонци заинтересирани за престој и работна виза во Австралија сепак имаат шанси за истото. Секако треба да се стручно спремни, со добро познавање на англискиот јазик за да можат да аплицираат. Пред сè мора да има работодавач, кој ќе ги нуди истите или подобри услови за работа.

  Да прецизираме, условите за добивање на виза за Македонци со Македонски пасоши се исти како и на сите други луѓе од светот. Значи реално ништо не е сменето за апликантот – работникот, но тежината на промените е кај работодавачот. Тој нема да може повеќе да одзема пари од платата на работникот, ниту да понуди помала плата од некој што веќе ја работи истата работа во Австралија. Правата на работниците со новите измени ќе бидат зацврстени бидејќи Владата и Имиграциониот Оддел се поврзани со Даночниот Систем на Австралија, што значи дека компанијата која понудила работа, МОРА да плаќа редовно и без никакви компликации, бидејќи Владата на Австралија ќе ги следи преку Даночниот Систем, за да утврди дали сè е направено како што треба. Доколку има проблеми со плаќањето на работниците, компанијата ќе биде тешко казнета и суспендирана за да не може да носи други мигранти.

  Со новиот закон, апликантот ќе мора да има најмалку 2 години работно искуство пред да аплицира за виза. Другите важни промени се:

1.  Познавање на англиски јазик – доказ за истото е поминат IELTS тест, во кој сите 4 категории се поминати со 5 или поголема оценка;

2.  Диплома за највисоко образование;

3.  Доказ за минимум 2 години работно искуство;

4.  Поминат стручен тест – за одредени професии.

Еве дел од професиите што се барани во Австралија:

·  Доктор по општа медицина и специјалист

·  Медицински сестри и акушерки

·  Авто и електро механичари

·  Заварувачи

·  Инженери – Електро, Механички

·  Софтвер инженери / Developers

·  Инженери на компјутерска мрежа / Computer network Engineers

Тоа се само дел од списокот за професии за долготрајни работни визи, кои водат кон постојана Австралиска Виза. За да ги дознаете вашите опции и имате сериозна намера за живот и работа во Австралија, стапете во контакт со Зак Ристов од Aussie Migration Services на е-маил адреса [email protected]


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top