Новости од „Стемфорд Бриџ“ - Конте подвлече линија за својата иднина во Челси

Челси е блиску до освојување на титула во Премиер лигата, но и покрај тоа, медиумите упорно ја форсираат веста за евентуално заминување на Антонио Конте од „Стемфорд Бриџ“..

За да нема дилеми и шпекулации околу тоа, Антонио Конте испрати јасна порака преку медиумите, дека сака да остане во овој клуб, и дека е среќен.

Среќен сум овде и сакам да останам. Го читав интервјуто на Пасторело, не знам зошто таа личност зборува за мене. Јас работев во Италија, тие ме бараа назад, и тоа е нормално. Но имам уште две години од договорот со Челси, и тоа сакам да го испочитувам. Тоа е важна работа, но не ми се допаѓа кога другите луѓе зборуваат за мене и мојата иднина“, истакна Конте во неговото последно интервју.

Челси самоуверено гази и е лидер на табелата далеку пред конкуренцијата, и доколку не се случи некој спектакуларен пад на „сините“ и непобедливост на нивната конкуренција, тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе биде нов шампион на Англија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top