Новото лого на Вселенските сили на САД исто како логото на „Ѕвездени патеки“

Американскиот претседател Доналд Трамп откри како ќе изгледа логото на Вселенските сили на САД, но како што пренесуваат светските медиуми, воените дизајнери останале без идеи кога ја смислувале ознаката, бидејќи многу потсетува на логото на Вселенската фло.

„По советувањето со нашите големи воени лидери и дизајнери, имам задоволство да ви го претставам новото лого на Вселенските сили на САД, шеста филијала на нашата величевствена војска“ напиша Трамп на Твитер.

Корисниците на социјалните мрежи многу брзо забележаа сличност кај новото лого со ознаката која ја носеа Кирк, Пикард, Спок и останатите вселенски патници во „Ѕвездени патеки“.

Сличноста кај двете ознаки оставија многу луѓе во неверица дека во војската навистина веќе немале инспирација па го копирале дизајнот од култната научнофантастична серија.

„Очекуваме да ни платите за користење на ова“ напиша Џорџ Такеј, еден од членовите на екипажот на „Ентерпрајз“ и оригиналната актерска екипа од 60-те години.

Сепак, имаше и такви кои го бранеа дизајнот, тврдејќи дека всушност е заснован на веќе постоечката ознака на Вселенската команда на американското воздухопловство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top