НУКЛЕАРНА ПРОГРАМА Иран постави седум услови за опстојување на нуклеарниот договор

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи постави седум услови што, според него, ќе треба да ги исполнат европските земји, доколку сакаат останување во сила на Договорот за иранската нуклеарна програма по повлекувањето на САД од него..

– Европските банки ќе треба да го гарантираат продолжувањето на трговската соработка со Иран. Не сакаме да започнеме судир со тие три земји (Велика Британија, Германија и Франција), но не можеме ниту да имаме доверба во нив, изјави Хамнеи на средба со претставници на извршната, законодавната и судската власт на Иран.

Хамнеи исто така побара трите европски земји да ветат дека нема да бараат нови преговори со Иран за неговата програма за балистички ракети и за политиката што земјата ја води на Блискиот Исток, како и да гарантираат дека нема да го ограничуваат извозот на иранска нафта.

– Ако Американците успеат да ја ограничат нашата продажба на нафта, Европејците терба да ги покријат загубите и да купуваат иранска нафта, порача Хамнеи.

Тој побара и ЕУ да покаже дека може да и се верува кога станува збор за почитувањето на иранскиот нуклеарен договор.

Хамние порача дека ако Европејците не ги исполнат овие ирански барања, Иран ќе ја возобнови својата програма за збогатување урниум, која беше запрена со стапувањето во сила на нуклеарниот договор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top