Обама ги разгледува сите опции за помош на Владата во Багдад

САД се подготвени да преземат воена акција доколку на нивните национално-безбедностни интереси им се заканува опасност.

Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека не исклучува ниту една опција, па ни воена, како помош на Владата во Багдад за да спречи џихадистите да дојдат до упориште во Ирак.

- Не исклучувам ништо, рече Обама на прашањето дали САД разгледуваат удари со беспилотни летала или било која друга акција во запирање на бунтот на џихадистите, пренесоа британските медиуми.

Во обраќањето до новинарите во Белата куќа, по средбата со австралискиот премиер Тони Абот, Обама изјави дека „САД имаат интерес да се погрижат џихадистите да не стекнат упориште во Ирак“.

Обама најави „краткорочни итни акции кои мораат воено да се направат во Ирак“ и дека неговиот тим за национална безбедност ги разгледува сите опции.

САД се подготвени да преземат воена акција доколку на нивните национално-безбедностни интереси им се заканува опасност, наведе Обама.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top