Обама: Ние не можеме да ја поправиме ситуацијата во Ирак

Тој уште во 2011 се обиде да стави крај на немирите во Ирак.

Американскиот претседател Барак Обама, во петокот изјави дека ги разгледува можностите во однос на Ирак со акцент на скорешното ескалирање на ситуацијата.

Иако Обама потенцирал дека не сакаат премногу да се вмешуваат во конфликтот, сепак тој уште во 2011 се обиде да стави крај на немирите во Ирак.

Тој во својот говор истакнал дека во наредните неколку денови, ќе ги разгледува и ќе одлучи дали и на кој начин ќе одговорат на ескалацијата на ситуацијата во Ирак. Меѓудругото нагласи и дека, сепак ќе испратат  воени трупи.

- На крај се зависи од Ирак и од тоа на каков начин како суверена држава ќе го реши овој проблем. Сепак, ова е регионален проблем, кој ќе трае долго. Ние не можеме во нивно име да ја решиме кризата, но и доколку не покажеме политичка волја и ангажираност од наша страна, краткотрајните воени акции и трупи кои ги испраќаме нема да дадат резултат, изјавил Обама од говорницата во Белата Куќа.

Кои се Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ)?

Исламистичка група, толку екстремна што беше избркана од мрежата на Ал Каеда.

Оваа недела направија пресврт во настаните во Ирак кога успеале да ги завземат наголемите градови, вклучувајќи го и Мосул кој има 2 милиони жители, каде што посебен терор вршеле врз христијанското население, палеле и ограбувале цркви.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top