Обамејанг е подобар и од Анри, Артета ќе има маки да го задржи

Арсенал синоќа дојде до втората победа во низа во Премиер лигата..

„Топчиите“ го демолираа Норич со 4:0, а блескаше капитенот Пјер Емерик Обамејанг со два гола. Со својот прв погодок на мечот дојде до фантастични 50 погодоци во Премиер лигата на само 75 натпревари.

На клупската легенда Тиери Анри му беа потребни 83 меча за да ја достигне оваа бројка.

Јасно е дека Габонецот е клучниот играч на тимот, но Артета и Арсенал ги загрижува неговиот договор кој истекува следната сезона. Се шпекулираше дека веќе ова лето би можел да го напушти Лондон.

„Ова што го направи денес, постигна најбрзо 50 гола во целата историја на клубот, тоа ви говори се за неговиот менталитет и начинот на кој работи секој ден. Тој сака да остане со нас. Среќен е тука. Гледа што се обидуваме да направиме и се надевам дека ќе стане уште подобар. Ауба го знае моето мислење за него и проектот кој сакам да го креирам, колку е важен дел од сето тоа. Се што е надвор од тоа не е во моите раце“, изјави Артета по крајот на натпреварот.

Обамејанг со двата гола се израмни на првото место на листата на стрелци во Премиер лигата, тој и Варди имаат по 19 погодоци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top