Обамејанг лут на дел од своите соиграчи: Ова е срамота што го направивме во вториот дел

Арсенал вчера успеа да прокоцка водство од 0:2 на гостувањето кај Ватфорд..

Топчиите на крај од мечот требаше и да загубат, така да овој бод и не изгледа така лошо, посебно ако се види фактот дека во 93. минута противникот имаше колосална шанса од 5 метри пред голот.

По мечот, според тонот на Обамејанг, може да се заклучи дека им замера на своите соиграчи кои така лесно дозволиле да примат два гола.

„Тажно, не бевме во можност да се избориме со оваа ситуација, очигледно и не го очекувавме ова. Не би сакал некој директно да обвинувам, бидејки некој ќе каже дека напаѓачите се тие кои треба да го умртват натпреварот. Срамота е што примивме голови на тој начин. Мислам дека тоа имаше влијание врз сите нас“, порача Обамејанг.

Со ова тој буквално и замера на одбраната за примените голови на крајно лесен и аматерски начин.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top