Обединување и победа на десно ориенираните политички партии на наредните избори

Отворено писмо од Зоран Ристески од Крушево.

Сакам да кажам : Во 1996 година бев советник во првиот мандат на повекепартискиот систем и се борев против комунизмот , против администрацијата , против пензионерите , против профитерите и против сите здруженија од Бранко Црвенкоски.

Во  тоа време имавме  4 советници против сегашниот градоначалник , против носителот  на листата на советници кој беше секретар на СДСМ во Крушево , и останатите советници кои сите беа  од другата страна на ВМРО ДПМНЕ , да напоменам со самофинансирање од моја страна!!!

Небеше ни Груевски , ни Мијалков ,ни Ставрески,, ни Јанкулоска , ни Пешески  и Јанакиески , сите овие што ги набројав беа во други партии, ги спомнувам како финансиери сегашни .

Сакам да кажам дека ме боли душата  затоа што јас сум бил и ке бидам ВМРО , а тие пак ке сменат страна.

Ме болат и сите потези на Груевски со исфрлање на пратеници  и тепање на пратениците од собранието, тврдокорни на улица и да не кажам административците што ги правеја , го доведоа ВМРО ДПМНЕ до дното.

Јас Зоран Ристески од Крушево имам надеж  на обединување и  победа на десно ориенирани политички партии на наредните избори .

Ова го пишувам со голем гнев и разочарување , пред се тага на денот на изборите 16.10.2017 год . во 08 часот наутро.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top