Објавен конкурс за бесплатно студирање во Русија за македонски државјани

Министерството за наука и високо образование на Русија и Федералната агенција „Россотрудничество“ објавија конкурс за прием на државјани на Македонија и руски државјани кои постојано живеат во Македонија за школување во Русија во учебната 2020/2021 година..

Студентите имаат можност да го продолжат своето образование во Русија по стекнувањето претходно образование во Македонија (средња школа, факултет), да студираат бесплатно, да добијат парична стипендија (во висина од 1300 рубли и повеќе во зависност од регионот и одредениот факултет), без оглед на академскиот успех и да бидат сместени во студентски дом.

Во првата етапа на конкурсот кандидатите треба да пополнат електронски образец за пријавување и да ги приложат потребните документи во скенирана форма.

Кандидатот има право самостојно да го избере местото на своето идно образование и да наведе најмногу 6 високообразовни институции, но не повеќе од две во еден федерален округ.

Странските државјани кои не го владеат добро рускиот јазик имаат право на обука на подготвителните одделенија или подготвителните факултети на државните образовни институции, каде што се стекнуваат со знаење, потребно за студирање на руски јазик, исто така на сметка на федералниот буџет, со исплата на стипендии (во текот на целокупниот период на школувањето, независно од постигнатите резултати). Обуката на подготвителниот факултет или подготвителното одделение трае една година и не влегува во времетраењето на образованието во рамките на избраните студии. Таквите кандидати треба да ја наведат неопходноста од обука на подготвителните одделенија (факултети).

Рокот за доставување на документите е 1 март 2020 година.

Од пријавените кандидати комисијата во Македонија составува список на најдобрите и го испраќа во Министерството за наука и високо образование на Русија кое ја спроведува втората етапа на селекција.

Трошоците за превоз на кандидатот до местото на школување и полисите за здравствено осигурување ги кандидатот и (или) спонзорот.

Пријавувањето се врши преку следниов линк: http://edu.rs.gov.ru.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top