Објавена ранг листа на земји според индексот на енергетска транзиција за 2020 година

Иако глобалниот премин кон производство на енергија од високо загадувачките фосилни горива кон обновливи извори тече побавно отколку брзината во спроведувањето на обврските во борбата против климатските промени пропишани со Парискиот договор..

Имено, голем број земји започнаа со затворање на термоцентралите на јаглед и преминаа на одржливи енергетски извори. На последната ранг листа на индексот на енергетска транзиција (Energy Transition Index 2020), објавен од страна на Светскиот економски форум (WEF – World Economic Forum), рангирани се вкупно 115 земји од целиот свет. Светски лидери во енергетската транзиција, според ова рангирање се  Шведска, Швајцарија и Финска. На дното на листата се Нигерија, Либан и Хаити. Од регионов, најдобро рангирана е Словенија на 23-тото место, додека најлошо рангирани се Србија на 100-тото и Босна и Херцеговина на 103-тото место. После нив на листата нема други европски држави. Македонија воопшто не е опфатена со ова истражување.

Врз исклучително лошото рангирање на Србија и Босна и Херцеговина влијаеле исклучително ниските оценки по однос на индикаторот за влијание врз животната средина, подготвеноста за транзиција, човечкиот капитал и структурата на енергетските системи. Еден од најдоминатните фактори е секако високото учество на јагленот во енергетскиот микс. Целиот извештај можете да го погледате ОВДЕ

eti1

eti2


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top