ОБНОВЕНО: Земјотресот ја погоди Албанија, а не Македонија – ЕМСЦ објави грешен податок

Земјотресот од 5 степени кој ја погоди Албанија е почувствуван и во Македонија..

Серверите на Европската сеизмолошка опсерваторија паднаа веднаш по земјотресот поради преголемиот сообраќај на нивната веб страница. Во тие моменти на социјалната мрежа Твитер, ЕМСЦ објави дека епицентарот на земјотресот бил во Македонија, а не во Албанија.

Сепак, откако сервисите на опсерваторијата се вратија во нормала, се поправи и грешката.

Епицентарот бил во Бубч на длабочина од седум километри, и траел неколку секунди.

Според албанските медиуми истиот предизвикал паника кај населението во Драч и во Тирана кои ги напуштиле своите домови.

Министерството за одбрана вели дека досега немало информации за повредени лица или некакви други оштетувања. Земјотресот бил почуствуван и во Косово како и кај нас во Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top