ОБСЕ: Еднострано медиумско покривање на изборите во Србија

Парламентарните избори во Србија кои и овозможија убедлива победа на партијата на претседателот Александар Вучиќ беа спроведени на фер начин, но нивното медиумското покривање во најголема мера беше еднострано, соопшти мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Владата на Вучиќ имала корист од широката распространетост на телевизија и на веб-страниците, се вели во изјавата на ОБСЕ, еден ден по гласањето. Како и да е, според организацијата, на противниците им било овозможено бесплатно емитување и еднаков пристап до редовно изборно програмирање, согласно закон.

„Повеќето најголеми ТВ канали и весници ја промовираа политиката на владата и и дадоа широко покривање, ограничувајќи ја разноликоста на ставовите“, се вели во изјавата на ОБСЕ.

Шефицата на мисијата на ОДИХР, Урзула Гачек „рече дека доминацијата на владејачката партија ја ризикува неутралноста на демократските институции на земјата и оти е потребен дијалог за да се премостат длабоките политички поделби и да се заштити плурализмот “.

Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ, според нецелосни податоци, освои 63 отсто од гласовите на изборите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top