Обвиненија и за тројцата други полицајци поврзани со смртта на Флојд

Обвинението против уапсениот полицаец Дерек Човин, кој беше снимен како со колено го притиска вратот на Флојд, е променето во убиство од втор степен.

Главниот правобранител на Минесота Кит Елисон, најави обвиненија и за тројцата други полицајци, поврзани со смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кои се товарт за помагање и поттикнување на убиство.

Обвинението против уапсениот полицаец Дерек Човин, кој беше снимен како со колено го притиска вратот на Флојд, е променето во убиство од втор степен, за разлика од првичното обвинение за убиство од трет степен.

Елисон рече дека ги анализираат сите докази со цел да се обезбеди правда за Флојд, нагласувајќи дека ја спроведуваат истрагата колку што е можно побрзо, но, оти е важно и да се проучат детално сите аргументи.

„Ветувам дека ќе го повикам на одговорност секој обвинет за кого имаме докази да биде изведен на суд. Ако тоа не се случи, тоа значи дека не сме имале доволно докази. Сериозно ја сфаќаме нашата должност, и го правиме она што веруваме дека е возможно, морално и исправно“, рече тој.

Веќе осум дена по ред се одвиваат протести во државата, барајќи правда за Флојд и адресирање на расизмот во Америка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top