Обвинителката Фетаи тврди дека секој предмет на кој има работено е чист

По денешното рочиште на предметот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека секој предмет на којшто таа има работено е чист и дека не е вмешан во нешто криминално и сомнително..

На прашање од новинарите дали таа продолжува да работи под овластување на специјалната јавна обвинителка во заминување, Катица Јанева, Фетаи одговори дека таа се уште е главна обвинителка во СЈО.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. 

Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал, влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. 

Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Предлозите за изземање на обвинителите Гаврил Бубевски и Фамите Фетаи до судот утрово ги поднесе адвокатот Еленко Миланов, по што беше дадена пауза,а Јанева со решение го одби барањето за нивно изземање. Следното рочиште на случајот „Титаник 3“ е закажано за 26 август.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top