Обвинителот Рустеми денеска треба да сведочи за „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустеми, кој беше дел од СЈО, денеска во Кривичниот суд треба да сведочи за случајот „Рекет“..

Рустеми беше надлежен за истрагата „Поштенска банка“, за која Катица Јанева, според сведочењето на Лиле Стефанова, кроела исто сценарио како и за „Империја“, односно барала да се затвори со пресметување на отштетата која треба да ја платата осомничените и тука се да заврши, односно да се спасат од затвор.

Се очекува Рустеми да појасни и за станот кој од него шефицата Јанева барала да не го замрзне, за разлика од останатиот имот на осомничениот Томе Главчев, а за кој подоцна се утврдило дека завршиле во рацете на Сашо Василевски.

Досега од тимот на СЈО сведочеа обвинителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова.

Во случајот „Рекет“ обвинети се Катица Јанева и Бојан Јовановски, а Зоран Милевски Кичеец призна вина, по што беше осуден на тригодишна казна затвор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top