Обвинителството бара продолжување на притворот за Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе предлог да и се продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, потврдуваат за Телма од обвинителството..

До сега притворот на Јанева беше под сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото. Овој пат обвинителството бара да и се продолжи притворот по првите две основи а не и по третата за повторување на делото бидејќи веќе е разрешена.

Вчера нејзината адвокатка Ирена Фрчковска поднесе барање за укинување на мерката притвор за Јанева. Одлуката за барањата на обвинителството и одбраната ќе биде донесена најдоцна до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор.

Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

Извори: Телма


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top