Од 2021 година: ЕУ воведува визи за американските граѓани

Европската Унија од 2021 година ќе воведе визи за американските државјани кои патуваат во 26-те земји на Шенген зоната, соопшти денес Си-Ен-Ен..

Се истакнува дека американските граѓани визите ќе ги добиваат преку Систем за авторизација на влез во Европа (ЕТИАС) со кој се регулира влезот во Шенген зоната.

Телевизијата се повикува на веб-сајтот на ЕТИАС каде се вели дека одлуката делумно е врз основа на засилени мерки за безбедност во регионот вклучително и за намалување на ризиците од нелегалната имиграција и тероризмот.

За оформување на документот, Американците ќе треба да прикажат пасош, кредитна или дебитна картичка и да укажат електронска адреса. Визата ќе биде со рок на важност од три години без ограничување на бројот на патувања.

САД и ЕУ имаат нерешено прашање околу визи за Бугарија, Хрватска, Полска, Романија и Кипар. Од цела ЕУ, само граѓаните од овие пет земји мораат да аплицираат за визи за патување во САД.

Во 2016 година Европската комисија објави извештај во кој САД се повикуваат да ги укинат визеит за овие пет земји, како и за останатите 23 земји членки на ЕУ. За возврат, за САД би се задржал истиот безвизен режим за патување во Шенген зоната.

Но бидејќи Вашингтон не го стори тоа, а законите на ЕУ важат исто за сите земји членки на унијата, Европскиот парламент лани во јуни изгласа воведување на визи за граѓаните на САД. Одлуката на ЕК сепак стапува во сила во 2021 година, до како што се наведува „завршувањето на мандатот на претседателот Трамп, кога ќе стапи целосен визен реципроцитет“.

Во моментов американските државјани во ЕУ патуваат без виза со дозволен престој до 90 денови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top