Oд денеска избори за Европскиот парламент

Околу 400 милиони луѓе од 28 земји членки на Европската Унија од денеска до 26 мај ќе ги избираат своите претставници во Европскиот парламент за следните пет години..

Гласањето на европските избори почнува денеска во Холандија и Британија, во Ирска се гласа во петок, Чешка во петок и сабота, во Летонија, Малта и Словачка во сабота, а во останатите земји во недела.

Во доцните часови во недела ќе излезат прелиминарните резултати, а новоизбраните европратеници веќе во понеделник ќе почнат со разговорите за формирање на парламентарните групи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top