Од денеска Република Македонија се заменува со Република Северна Македонија

Името Република Македонија, кое го користевме за домашна употреба речиси 30 години, заминува во историјата..

Таблите и натписите кои го означуваа досегашното име на нашата држава Република Македонија, почнаа да се симнуваат и во текот на денот ќе бидат заменети со новото уставно име, Република Северна Македонија, согласно постигнатиот и ратифукуван договор меѓу Македонија и Грција.

Прва институција која ќе добие нов натпис Република Северна Македонија е владата. Утрината таа осамна без натписот на главниот влез, а штом ќе биде и официјално пристигната нотата од соседна Грција и објавена во Службен весник, дека Договорот е ратификуван во нивниот парламент, ќе бидат ставени новите букви со натписот на нашето ново државно уставно име.

На граничните премини новите табли со Република Северна Македонија се веќе пристигнати.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top