Од кај Иванов сѐ уште молк околу барањата за помилување

Една недела откако кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов потврди дека до нив се пристигнати барања за помилувања од осудените за крвавиот 27 – ми април, нема информација како ќе постапи шефот на државата..

Иако Алсат испрати прашања, од вилата на Водно нема одговор дали молбите се разгледуваат и дали Иванов ќе го заврши мандатот кој трае до 11 мај со помилување на 16 – те осудени кои добија вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Адвокатите и осудените очекуваат дека Претседателот кој ги брои последните денови во вилата на Водно, ќе ги помилува.

Судењето за 27 – ми април го преполови селективната амнестија која ја донесе мнозинството во Собранието и од затвор се спасија исклучените пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои ги отворија вратите и ја насочуваа толпата, како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top