Од утре нови банкноти од 10 и 50 денари, старите се менуваат во банка

Од утре почнува употребата на полимерните (пластични) банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари..

Од денот на влегувањето во оптек на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари, книжните банкноти во истата вредност веќе нема да бидат законско средство за плаќање и започнува процесот на нивна замена, што ќе трае до 15 мај следната година.

Тие ќе можат да бидат заменети во сите банки за нови полимерни банкноти или ковани монети во еквивалентен износ.

По 15. мај следната година овие стари банкноти ќе можат да се заменатсамо во НБРМ.

Со ова, Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на
полимеризација на банкнотите на националната валута.

Полимерните банкноти почнуваат со употреба во 1988 година и  тоа во Австралија, денес се употребуваат во над 20 држави,  меѓу кои во Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Романија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top