Одговорете ми

Фејсбук статус на НЕСТОР ОГИНАР.

Вие истите парти, коалиции , лидери и политичари ( имињата не заслужувате да ви ги спомнам) кои што 27 години наизменично ја продавате, предавате, ограбувате, осиромашувате, обезличувате , криминализирате, федерализирате и растурате Македонија, со кое морално право го барате гласот на Македонскиот народ за нов политички мандат, денес, утре, или било когаш?!

Со кое право барате од народот да ја брани државата кога вие тоа самите не го правите?

Со кое право го вадите Македонскиот народ на улица да протестира и контра протестира за да вие, криејќи се зад него, ги штитите вашите интереси?

Сите вие до еден сте опасност и закана за иднината на Македонија!

Време е да ве нема од лицето на Македонија чија што почва не сте достојни да ја газите !



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top