Одложени судските рочишта за „ТНТ“ и „Рекет“

Денешното судско рочиште за предметот „ТНТ“ се одложи поради лошата здравствена состојба на обвинетиот Тони Трајковски..

Следното рочиште за рушењето на комплексот „Космос“ ќе се одржи на 6 февруари. На денешното судење не се појави поранешниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, а неговиот адвокат Јовица Страшевски информираше дека здравствената состојба на Тони Трајковски е сериозна, но минлива.

Одложување на судското рочиште денес имаше и за случајот „Рекет“. Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, двајцата адвокати на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, се болни. Адвокатот Кадиев го известил судот дека е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и таму ќе биде задржан до крајот на работната недела, додека Фрчковска не доставила никаква медицинска документација. Судењето за случајот „Рекет“ продолжува во четврток.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top