Одрони на патот Кочани - Делчево

Одрони синоќа создадоа големи проблеми за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани – Делчево..

Возачи кои синоќа доцна се враќаа од Скопје кон Делчево алармираа за одрони кај селото Истибања. Според нивните информации одроните за малку ќе предизвикале и катастрофа, бидејки од нив настрадало возило во кое се возело бебе.

-На патот околу 22:55 часот беше вистински хаос, карпи и ситни камчиња имаше насекаде по патот. Одрон падна врз бел автомобил и го исфрли настрана. Човек со мотор беше исто така исфрлен. Додека траеше застојот, еден возач возејки не ги виде карпите, помина преку нив и лебдеше во воздух 20 метри. Со бебе во колата само Господ ги чуваше, сведочат возачи.

Додека траел застојот, виделе се што се случува и за среќа се завршило без жртви.

Учесниците во сообраќајот ги известиле надлежните од ЈП „Македонија" пат кои веќе би требало да се на терен и да работат на расчистување на одроните.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top