Одземени 9.000 килограми пиперки од нерегистрирани откупувачи во прилепско

Девет илјади килограми пиперки „куртовска капија“ се одземени од нерегистрирани откупувачи при инспекциските контроли на Инспекторатот за земјоделство спроведени во прилепскиот регион..

Од Инспекторатот денеска информираа дека на нерегистрираните откупувачи им се изречени и глоби согласно законските прописи.

Контролите се направени деновиве во соработка со Регионалната управа на Министерството за внатрешни работи од Битола и полициската станица во Прилеп.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top