ОЕЦД: Јапонија, Канада и еврозоната со стабилен раст

Главните показатели на движењето на економските активности на членките на Организацијата на земјите за економска соработка и развој (ОЕЦД) навестува продолжување на стабилната динамика на раст, се наведува во најновиот извештај на оваа организација..

Сеопфатниот главен индекс, со чија помош во ОЕЦД ги предвидуваат точките на прекршување во економските активности на членките за период од шест до девет месеци, во мај се задржа на сто бодови.

За Јапонија, Канада и еврозоната во целина е потврдена проценката на стабилен раст на економските активности.

За САД, најголемата светска економија, како и за Велика Британија и Италија, водечкиот индекс упатува на благи назнаки за забавување на растот.

Индексот за Германија, најголемата економија во еврозоната, навестува јакнење на растот во следниот период, се наведува во извештајот.

На исти претпоставки упатува и индексот за француската економија, втора по големина во еврозоната.

Референтниот индекс на ОЕЦД покажува јакнење на замавот во Кина, втората најголема светска економија, додека за Индија најавува стабилен раст на активностите



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top