ОФИЦИЈАЛНО: Сергеј Самсоненко останува во Вардар!

Русинот остнува на чело на европскиот шампион во ракомет..

„Пред извесно време донесов одлука дека од наредната сезона нема да инвестирам во трите клуба. Причината беше само една, затоа што се собра цел куп на пишувања од одредени медиуми, кои промовираа невистини, лаги, превртување на факти. Ми се собра до срце и емоционално ја донесов таа одлука и ја кажав на жешка глава. Не сакав да заминам од Вардар и сакам да кажам дека на сите добри луѓе да не веруваат во невистините. 

Сакам да порачам на тие што пишуваат лаги, дека Вие немате ниту срам, ниту совест. Ве сметам како предавници, затоа што не сум направил ништо лошо за оваа држава, ја засакав како своја, направив само добри работи. Не направив ништо лошо. Тоа е дно да се прави такво нешто. Затоа, јас нема да заминам од Вардар, тука ќе сум засекогаш. Ги повикувам сите да не поддржат и заедно да се бориме со сите неправди. Сигурен сум дека ќе има многу успеси“, изјави Самсоненко.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top