ОФИЦИЈАЛНО: Вучиќ се огласи за Никола Груевски и кажа како стигнал до Унгарија

Официјално прв висок претставник да потврди една информација за бегалецот Никола Груевски. Ни помалку ни повеќе српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ниту Србија, ниту Црна Гора или Албанија се виновни за бегството на Груевски..

Прстот на одговорност Вучиќ го впери во македонските служби.

Според она што го кажа српскиот претседател во емисија за ТВ Хепи Никола Груевски од Македонија влегол во Албанија, потоа во Црна Гора, па преку Србија и граничниот премин Хоргош во Унгарија.

Вучиќ наведува дека Груевски татковината ја напуштил на 11 ноември и идентификувајќи се со лична карта, во служба на двајца унгарски државјани влегол на територија на Албанија, од каде преку преминот Божај преминал во Црна Гора.

Груевски од таму на 12 ноември нешто пред 22,30 часот преку преминот Гостун со лична карта влегол во Србија од каде отишол во Унгарија преку преминот Хоргош, каде се легитимирал со лична карта и пасаван (пропусница) која ја добил во Албанија.

„Дури на 13 ноември во 19,35 часот од страна на Интерпол Скопје ни е доставена меѓнародна потерница. Што очекувате? Да апсиме луѓе за кои не е распишана ни потрага? А камо ли меѓународна потерница“ - прашал Вучиќ и додал дека она што го кажал е вистината за тоа како Груевски влегол во Унгарија.

Груевски избега во Унгарија за да избегне затворска двегодишна казна на која е осуден поради незаконско купување на блиндиран Мерцедес додека беше премиер.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top