Огнена стихија на Пелешец, помош пристигнува од цела Хрватска

Досега изгореле најмалку четири куќи, а неколку се зафатени и помалку оштетени од огнот..

Пожар го зафати Пелешец, а ситуацијата ја отежнува силниот ветер. Огнот се шири во два правци, кон Долно и Горно Мокало и кон Оребиќ.

Досега изгореле најмалку четири куќи, а неколку се зафатени и помалку оштетени од огнот. Пожарникарите се обидуваат да ги заштитат складиштата на нафта и нафтено масло.

На терен се приклучиле и пожарникари од Вела Лука, Блато, Смоквица, Лумбарда и Корчула.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top