Огромен срам за Нејмар: Бразилецот е убедливо најголемо разочарување во изборот за „Златната топка“

Нејмар при трансферот од Барселона во ПСЖ изјави дека една од причините што се одлучил за таков потег е освојување на „Златната топка“..

Бразилецот посакува еден ден да го освои ова признание и да стане најдобриот играч на светот, а сметаше дека до „Златната топка“ ќе дојде како фудбалер на ПСЖ каде требаше да биде главен играч.

Меѓутоа, на Нејмар во тој план не му оди баш најдобро и оваа година заврши дури на 12. место во вкупниот поредок. Тоа е првпат Бразилецот да заврши надвор од 10-те најдобри уште од 2012. година, кога беше играч на Сантос.

Нејмар во 2013. година беше петти, во 2014. седми, 2015. трет, 2016. петти и во 2017. уште еднаш трет. Во годината зад нас тој не направи ништо спектакуларно, а имаше прилика да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ и Светското првенство со Бразил.

Треба да се потсети и дека Нејмар еден период беше повреден поради што пропушти добар дел од минатата сезона, па и не беше меѓу главните фаворити за „Златната топка“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top