Огромно поскапување на цените на бензинот и дизелот во Пјонгјанг по сакнциите од СБ на ОН

Цената на бензинот во Пјонгјанг достигна 2,51 долар за еден литар што е за 45 отсто повисоко во однос на минатата недела..

Цените на бензинот и дизелот во Северна Кореја се зголемија на исклучително високо ниво откако беа воведени нови санкции на Советот за безбедност на ОН за таа држава.

СБ на ОН со новите санкции воведе лимит за извоз на нафта и природен гас во државата.

Цената на бензинот во Пјонгјанг достигна 2,51 долар за еден литар што е за 45 отсто повисоко во однос на минатата недела. На 5 септември цената на бензинот била 1,73 долари за литар, јавуваат западни медиуми повикувајќи се на сајтот Дејли НК кои собираат цени преку телефон од трговци во државата. Цената на дизелот е зголемена за 61,5 отсто - од 1,30 долари за литар на 2.10 долари.  



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top