Охрид се подготвува на спектакуларен начин да ја дочека новата 2014 година

Целта е Охрид да биде преполн со туристи..

Општината Охрид се подготвува за спектакуларна прослава за Новата година. Како што пренесува Канал 5, целта е градот да биде преполн со туристи се до Водици.

Градоначалникот Никола Бакрачески побарал и бизнис секторот  да се вклучи  во организацијата на новогодишните празници.

- Да напрвиме еден збир на активности во текот на новогодишните празници и празникот Богојавление  со кои што ќе ја обогатиме понудата на гостите и туристите, кои имаат намера да присуствуваат во Охрид и на некој начин да допринесеме за проширување на туристичката понуда во Охрид - изјавил Бакрачески.

Засега, градоначалникот не открива ниту што се подготува, ниту кои музички ѕвезди ќе ги забавуваат посетителите. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top