„Охридска група“ за членство во НАТО

Робертсон, Солана, Плевнелиев, меѓу имињата со поддршка на Македонија.

Денеска во Скопје се обелодени формирањето на групата именувана како „Охрид“ која ќе го поддржува процесот на зачленување на РМ во ЕУ и НАТО. Во неа членуваат екс-генералните секретари на НАТО Џорџ Робертсон, Хавиер Солана, порнашениот бугарски претседател Плевнелиев, екс-шефот на шведската дипломатија Карл Билт, амбасадорите Ален Ле Роа и Волфганг Ишингер.

Групата „Охрид“ е неформален форум составена од луѓе со исклучителни политички кариери кои ќе нудат совети и мислења. Името „Охрид“ е избрано зашто овој град е местото каде се потпиша договорот што донесе мир и спречи граѓанска војна. Лордот Робертсон повика дека е време за носење тешки одлуки што земјата ќе ја внесат во НАТО. Премиерот не оптимист како еврокоемсарот Хан дека за две недели може да се затвори прашањето за името.

„Македонија направи квантен скок – од заробена држава до обновена демократија и владеење на правото. Владата е со цврста определба овој напредок да го продолжи. Силна мотивација и потврда дека сема на вистинскиот пат донесе и препораката од ЕК за безусловен старт на преговори со ЕУ. Јоханес Хан е голем пријател на Македонија, дај боже за две недели да ја завршиме работата, но јас мислам не, зашто утре има средба на министрите за надворешни работи во Виена и знам до каде ќе се разговара и како очекувам да завршиме“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.

„Земјата беше блиску до провалијата - длабоки поделби и чувства кои се закануваа да ја раскинат оваа држава од западен Балкан, но тоа не се случи, а причината е затоа што граѓаните и раководството на Македонија се обединија во храброст и посветеност за напредок. Ние сме луѓе-пријатели на оваа земја. Се собравме за да дадеме неформален совет и поддршка. Оваа земја е цврсто на патото кон евроатлантската заедница на нации, а сега треба поцврсто да се вгнезди. Немаме единствена формула за членство во НАТО и ЕУ. Тешките одлуки кои ќе донесат пробив ќе бидат за самите граѓани на Македонија, тие одлуки нема да бидат лелеслесни лесни и популарни, но ќе бидат суштински за идните генерации“, оцени Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top