Охридскиот чинар пропаѓа поради несоодветната заштита

Единаесет века стариот Чинар во центарот на Охрид е во многу лоша состојба, поради несоодветна и неквалитетна заштита, дрвото кое што е белег на градот-гние..

Тоа го покажаа испитувањата кои беа направени уште во 2017-та година,кога се донесе програма и предлог мерки за неговата заштита. Но и после две години чинарот пропаѓа, потпрен на улична бандера.

Од општина Охрид појаснуваат дека ова стебло беше прогласено за природно наследство уште во 1967 година, но потребно беше да се отпочне нова постапка за негово препрогласување, согласно постоечкиот Закон за заштита на природата.

Процедурата започна со одлуката на гратскиот Совет, а беше проследена до Mинистерството за животна средина, каде со акт ќе се изврши прогласувањето на споменик на природата, но ништо од тоа.

И додека општина Охрид чека да добие право за да управува со чинарот, во тек е тендерска постапка за избор на стручна фирма која ќе превземе активности за санација, ревитализација и статичко обезбедување на чинарот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top