Октопод повторно го тресе СДСМ!

Пишува: Никола Ставрески - Мелбурн.

СДСМ деновиве повторно се заплетка во сопствената мрежа на корупција. 
И покрај тоа што се трудат да се оправдаат тоа тешко им оди. Не дека не знаат да зборат, не дека се глупави, не од друго, туку затоа што овие афери се неоправдливи. Не можат да се одбранат. 

А за тоа не треба експертиза. 

Јасно е дека во Скопје кириите се движат од 200 до 500 евра, ај нека бидат и 1.000 оние полуксузни куќи и станови, ама 5.000 евра? Шеќеринска, пак, некако нема среќа. 
И за тоа со кое сака да се пофали има некоја мана. 

Така и нејзината викендичка. 

Сакајќи да каже дека со Бобо Дајнерс се уште се сакаат (?) таа сама си се намести изјавувајќи дека со љубов ја градела викендичката во Маврово, која минимум чинела 150.000 евра. Види богати? Ни помалку, ни повеќе 150.000 евра? 

Колку што чинат на пример пет стана во Скопје, 10 луксузни автомобили, 150 години одмор, или неколку генерации обезбедени. Подоцна од кога разбра што направи, викендичката преку ноќ стана на мајки и сопственост. 

И тоа не е се. Шеќеринска која ја паметиме по лошиот изглед, лошата облека и секако катастрофалната фризура, денеска колку-толку изгледа пристојно. 

Кај неа времето се дели на пред и по ЕСМ-ЕВН. Во македонските медиуми беше позната по скапите брендирани чанти, а за некои од нив се коментира дека вредат колку едно тениско игралиште. 

Деновиве се зборува дека во очи на овие избори со својот сопруг си купила нов автомобил, најнов мерцедес.

Во меѓувреме, фирмата со која директорува сопругот на Шекеринска ги затвора експозитурите во Скопје. Салоните.

Нешто не и оди на Шеќеринска? Или премногу и оди? За Шеќеринска има уште многу да се пишува, ама гротото е познато, само новото чека да излезе на виделина. Како и неговата сопартија, која најверојатно учела од него, на Зоран Заев, пак, не може да му се изнабројат местенките и криминалите. 

Нема толку место. Тој давал, давал, давал на браќа, сестри синови, внуци, што изнадавал, па тие веќе не сакале. Откако се откажале од сакање, тој, пуста рака незапирлива, рекол море нема не сакам, еве ти Цветанке и тебе некој тендер. 
Да ти се најде за по дома. 48 пати потпишувала Општина Струмица и нејзините институции набавки со сопругот на познатата пратеничка од СДСМ. 

И за Заев има многу ама доста е, се е кажано. А колку станови, пак, има Заев не можат да му се добројат.

Функционерите на СДСМ се легенди за криминал. Дури и светските криминалци можат да учат од нив. 

Да бидеш двапати по четири години градоначалник на Охрид како Александар Петрески и да ја дотераш општинската каса до минус од 50 милиони евра треба да си махер. Во Охрид му успеа да се зближи со локални криминалци, измамници, рекетари, урбани мафијаши. 

Колку, пак, тој станови има не му се добројуваат. Би набројувале уште, од Бузлески до Макрадули, ама за овојпат толку. Следниот пат повеќе. 

Дали некој верува дека СДСМ ке престанат со криминалот. Тие се научени да ловат во матно, по матрица и по семејство.

Кај дијаспората дефинитивно се докажа од поодамна со ТАТ затоа сега на наредниве избори ке изгубат и ке бидат во позиција мат.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top