Олгица Ѓоргиева ја промовираше колекцијата за деловни жени

Линијата е богата со дневни и вечерни фустани, панталони, кошули и здолништа кои се истовремено женствени и силни.

Креаторката Олгица Ѓоргиева, синоќа во Меморијалниот центар Никола Кљусев ја промовираше колекцијата за деловни жени. 

Суптилна по природа, но со драматичен дизајнерски сензибилитет воведе нова, карактерно и стилски, до сега невидена бизнис колекција со наслов Unrestricted.

Линијата е богата со дневни и вечерни фустани, панталони, кошули и здолништа кои се истовремено женствени и силни. 

Исто како и колекцијата, така и начинот на промоција беше необичен. Инспирациите на Олгица се 10 маркатни жени од македонскиот деловен свет, кои несебично со својата индивидуална харизма придонесоа за автентично пренесувањето на пораката на оваа колекција.

Анета Пешева, Марта Н. Грнарова, Славица Николовска, Билјана Трендафилова, Билјана Трајковска, Билјана Зафирова, Љупка Наумовска, Ли Вебер, Снежана Лупевска и самата дизајнерка Олгица Ѓоргиева беа ,,моделите,, од реалноста во кампањата и настанот. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top