ОМД бара од Македонија да се врати на основните демократски принципи

Зошто македонскиот политички систем се чини дека е лажиран и води до пропаст? Зошто некои индивидуи очигледно се подготвени да ги приоритетизираат своите лични цели пред националните интереси?.

Во кратки црти, тоа е затоа што политичкиот систем е изграден врз демократска основа која беше сериозно компромитирана од насилството во 2001 година и бидејќи тој систем е полн со морална опасност што сериозно го предизвикува етичкиот компас на сите кои функционираат во неа.

Демократската основа на Република Македонија мора да се преработи и искривениот политички поттик да се укине – во најбрз можен рок.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) - во нејзините истражувања за тоа што и штети на Македонија - дојде до следните важни заклучоци:

1. Охридскиот рамковен договор е апсолутна пропаст и не води до соживот (како што наводно требаше да биде неговата основна цел). Во 2001 година, терористичката организација УЧК / ОНА ја нападна Македонија и изврши стравотни акти на насилство и суровост, при што загинаа многу невини луѓе. Наместо да одговараат за нивните злосторства, "лидерите" на оваа терористичка група беа “скротени” “смирени” и “наградени” со Охридскиот рамковен договор - кој им понуди де факто држава во држава. За возврат, тие се согласија да го предадат своето оружје и да го признаат унитарниот интегритет на Македонија. Сепак, мешањето на премиерот на Албанија, Еди Рама, во внатрешната политика на Македонија, кратко по последните Македонски парламентарни избори на 11ти Декември 2016та година и објавувањето на “Тиранската платформа,” не е ништо помалку од провокација што доведува до очигледниот факт дека Охридскиот Рамковен Договор е прекршен, односно нема никаква вредност. Истиот служеше како привремено средство за остварување на поголема цел за поранешни терористички групи и нивните внатрешни и надворешни сојузници. Крајно време е учесниците во политичкиот систем на Република Македонија да признаат дека Охридскиот рамковен договор беше пропаднат уште на самиот почеток и дека оваа фарса треба да заврши веднаш.

2. Законот за Амнестија е "фабрички дефект" за македонската демократија. Македонската влада во текот на изминатите 15 години немаше морален авторитет да прости злосторства против човештвото. Создаден од страна на широк консензус, со потполна поддршка од Западот, е тоа што го прави овој закон дури и повеќе од навредлив. Актуелната криза никогаш не би била воможна без Законот за амнестија, кој со години ги зајакнуваше нелегитимните мислења дека насилството и корупцијата водат до патот за власт во Македонија. Како таква, без обид за повторно воспоставување на демократијата и почитувањето и спроведувањето на законот во земјата, ќе успее кога секој случај на воени злосторства, повторно се отвори, и правдата ќе биде задоволена за жртвите од 2001 година.

3. Фер и демократски избори не се возможни без легитимен попис на населението. Секоја демократска држава е обврзана да спроведува фер и демократски избори. Со самото тоа што демократијата е загрозена во Република Македонија и самите изборни резултати се дискутабилни. Последниот попис беше спроведен во 2002 година, а обидот за попис во 2011 беше намерно блокиран, очигледно поради страв од предвидените резултати (и нивните потенцијални последователни ефекти), кој речиси сигурно ќе ја пласираше етничкита албанската заедница и под прагот од 20% кој според Охридскиот рамковен договор е потребен за добивање на поголема политичка моќ.

Со цел да се извлече Македонија од моменталната криза, ОМД ги повикува сите кои се активни во македонската политика да запрат со постојано зборување за демократијата и почитувањето на законите, и да почнат да ги почитуваат овие основни принципи во целост, со тоа што интересите на нацијата ќе бидат ставени на прво и основно место.

Да бидеме попрецизни:

• ОМД повикува на широко доброволен договор од страна на сите (или барем на двете најголеми) политички партии, на поништување на резултатите од изборите кои се одржаа на 11 декември, 2016 година, со образложение дека нема правно коректен попис врз кој ќе се базираат, а тоа ги доведува во судир со Уставот;

• ОМД ги повикува сите политички партии кон осудување на “Тиранската платформа” – сепаратистичка и националистичка агенда наметната од страна на албанските политички партии, која ги дискриминира сите други во Македонија, и која политичката криза ја претвори во етничка;

• ОМД го повикува Западот, особено САД и ЕУ да ја осудат “Тиранската платформа” - како и нивната несовесна тишина кон тој документ, како и за недостигот на поддршка кон пресудата на Меѓународниот суд на правда во случајот Македонија против Грција, го извалкаа кредибилитетот на Западот (а со тоа и довербата дадена кон Запад од страна на македонскиот народ);

• ОМД повикува на итно одржување на фер, демократски и коректен попис со користење на транспарентни методи и други техники и практики;

• ОМД ги повикува сите политички партии во Македонија – последователно на фер, демократски и коректен попис - да се вратат помеѓу граѓаните на Македонија со барање на легитимен мандат, преку нови избори кои би се организирале во разумно, но истовремено и најбрзо време;

• ОМД ги повикува сите политички партии да ги презентираат своите идеи директно на гласачите, како дел од изборна кампања, да се создаде шанса за народот да ги избере своите претставници, врз основа на целосно прикажување на изборните програми на сите партии, особено во однос на политиките кои можат да ја загрозат унитарноста и територијалниот интегритет на Република Македонија;

• ОМД ги повикува сите политички партии и нивните парламентарни претставници на заклетва за нивната апсолутна лојалност и посветеност на Република Македонија и нејзините граѓани, нејзиниот Устав, институции и знаме, во спротивно нивното македонското државјанство и нивното право на глас ќе биде одземено;

• ОМД ги повикува сите политички партии да го признаат македонскиот јазик како национален јазик, како и неговото витално значење како обединувачки елемент на македонското општество;

• ОМД ги повикува македонските институции за спроведување на правилото дека политички партии не треба да бидат основани врз етничка база, туку од политичка идеологија - со цел да се води кон поголеми обединувачки национални интереси и ангажирање на граѓаните;

• ОМД ги повикува сите граѓани на Македонија на разбирање и почит кон основните вредности на македонското општество – особено: слободата на говор и изразување, граѓански дискурс, слободата на здружување, правото на самоодбрана, демократско парламентарно претставништво, ограничена (транспарентна и етичка) влада, поделба по властени ингеренции, почитување и спроведување на законите, слободни и конкурентни пазари, еднакви можности и правда за сите граѓани;

• ОМД бара и зголемена внимателност на границите на Република Македонија од страна на Македонската Армија, полициските органи и единиците на НАТО, особено по должината на границите со Албанија и Косово (особено бидејќи, спротивно на договорите со САД и НАТО, Косово неодамна почна да гради косовска војска и спроведува воени вежби), а особено пред и по претстојниот попис и избори;

• ОМД го повикува Фронтекс (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража) активно да се приклучи кон македонската армија и полициските органи, во патролирање и заштита на границата помеѓу Грција и Македонија од очекуваниот прилив на мигранти кој ќе произлезе од неодамнешните несогласувања помеѓу ЕУ и Турција;

• ОМД ги повикува владите на Грција и Бугарија за конечно да покажат добрососедски односи и принципи на 21иот век, со признавање на македонскиот идентитет (бескрупулозно е за овие две земји-членки на ЕУ - во 2017та година да се обидат да негираат цела етничка група како да живееме во 1817та година. Крајно време е Западот и ЕУ да дејствуваат според нивните вредности и да ги применуваат подеднакво на сите свои членови); и;

• Како последна точка, но и најважна, ОМД го повторува својот долгогодишен став за отфрлање на сите обиди да се промени или да се наметне некое друго име на Република Македонија и на македонскиот народ, и ја повикува идната Влада на Република Македонија и формално да се повлече од 20 и повеќе години спонзорираните преговори за името под покровителство на ОН и да поднесе резолуција пред Генералното собрание на ОН и Советот за безбедност да бидеме признаени од страна на ОН под нашето едно и единствено уставно и вистинско име - Република Македонија.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top